Junior Code Wizard
- Изучување на развој на код и основните програмски концепти
- Научи да развиваш едноставни програми, налик видео игри
- Како изгледа програмирањето во реалниот свет низ призма на програмскиот јазик Python
- Примени го твоето знаење преку вежби и игри
- Сертификат за успешно завршен курс
Програма
Оваа програма е наменета за помладите студенти од 10 до 14 години кои имаат интерес во оваа област. Не е потребно предзнаење.
Почеток
Ноември 2025
Времетраење
3 месеци ( 1 неделно )
Цена
230 евра со можност за плаќање на рати
ВОВЕД ВО ПРОГРАМИРАЊЕ
- Алгоритми и нивна структура
- Примена на програмирањето во реалниот свет
- Променливи, циклуси и услови
- Примери на основни програмски структури
Резултат: Ќе ги изучиш основите на програмирањето и различните аспекти на развивање на код користејќи дијаграми и псевдо програмски јазик.
ВИЗУЕЛНО ПРОГРАМИРАЊЕ
- Вовед во платформите за визуелно кодирање
- Основни програмски блокови
- Напредни програмски блокови
- Решавање на задачи
Резултат: Ќе научиш да развиваш едноставни програми, налик видео игри, користејќи техника за влечење и спуштање компоненти (drag-and-drop). Преку употреба на платформа ќе увидиш практично како визуелно работат компонентите кои ги изучуваше во претходниот дел.
КОДИРАЊЕ ВО PYTHON
- Аритметички и логички оператори
- Контролни искази
- Решавање на задачи
- Доделување на проект на секој студент, на кој ќе работи наредните две недели
Резултат: Ќе согледаш како изгледа програмирањето во реалниот свет. Ќе научиш како да декларираш променливи, пишуваш услови и циклуси во код. Ќе разбереш како тече целосното извршување на еден код и на кој начин се извршува секоја линија код во една програма.
УТВРДУВАЊЕ НА ЗНАЕЊЕ
- Примена на вежби и квизови
- Решавање проблеми
- Презентација на самостојно изработен проект
Резултат: Ќе го утврдиш стекнатото знаење преку решавање на едноставни проблеми од областа, самостојно и со помош на предавачот.
ОД ПОЧЕТНИК ДО CODE WIZARD
- Учи од професионалци од областа
- Програми подготвени од експерти
- Стекни знаење преку игри и предизвици
Junior Code Wizard
Драги млади студенти, добре дојдовте во волшебниот свет на “Junior Code Wizard”, програма каде секој клик ги отвора вратите кон креативното кодирање и интерактивно учење!
- Забавно и интерактивно учење
- Креативни проекти
- Разновидни материјали
- Менторство и поддршка
Програма подготвена од експерти во областа!
Почеток на следна група: Ноември 2025
Местата се ограничени!
* Твоите податоци не ги споделуваме со трети лица.