Научи ги главните концепти на бизнис анализа
- Кои се главните одговорности на бизнис аналистите
- Како се одвива комуникација со главните засегнати страни како: менаџмент, клиент и девелопери
- Како изгледа еден животен циклус на проект и продукт
- Кои се најчестите барања од клиентите и корисниците
- Креирање на сценарија, примери и студија на случај
Програма
Оваа програма е наменета за сите оние кои се заинтересирани да ја надополнат моменталната или да започнат нова кариера. Не е потребно предзнаење од областа за почетници. Студенти или дипломирани Економисти и ИТ инеженери ќе имаат можност поедноставно да се прилагодат.
Почеток
Декември 2025
Времетраење
7 месеци (2 пати неделно по 2 часа)
Цена
2100 евра со можност за плаќање на рати
Бизнис анализа
- Преглед и основи на бизнис анализата
- Преглед на побарувањата
- Улога на бизнис аналитичарот
Резултат: ќе го добиеш основното познавање за што точно претставува бизнис анализа, која е улогата на бизнис аналитичарот и кои се следните чекори во анализата.
Засегнати страни
- Кои се тие?
- И зошто се тие важни?
- Најчесто засегнати страни: тимот на проектот, менаџментот и оние кои се први во контакт со клиентите.
- Справување со конфликтите на засегнатите страни.
Резултат: Ќе научиш што претставуваат „Stakeholders“, зошто се од посебна важност на секој од проектите. Како се води комуникацијата со секој од нив, се решаваат можни конфликтни ситуации и се извелкуваат клучни барања.
Циклус
- Циклус за развој на системите
- Циклус на проектот
- Циклус на производот
- Циклус на побарувањата
- 7 дневен тест циклус при развој на побарувањата
Резултат: ќе научиш кои се циклусите при развој на различни проекти, производи, во различни индустрии и нивните побарувања.
Формирање на побарувања
- Преглед на побарувањата
- Атрибути на добрите побарувања
- Видови на побарувања
- Извори на побарувања
- Класифицирање на побарувања од засегнатите страни
- Заедничка документација за побарувањата
Резултат: ќе научиш да ги класифицираш и документираш различните побарувања од засегнатите страни, без разлика за каков тип на проект се работи.
Трансформација на побарувања
- Анализа на потребите на засегнатите страни
- Анализа на дедукција
- Анализа за додавање и одземање на параметри
- Нотации (UML & BPMN)
- Креирање на графикони
- „Swim Lane“ графикони
- Дијаграми за поврзување на врски помеѓу различни ентитети
- Дијаграми за проток на податоци
- Use case моделирање
- Моделирање на деловни процеси
Резултат: ќе научиш да креираш различни анализи кои ќе ти помогнат при креирање на дијаграми и графикони за самите проекти. Со тоа ќе имаш можност да ги визуализираш и моделираш деловните процеси на клиентот.
Финализирање на побарувања
- Презентирање на побарувањата
- Socializing Requirements and Gaining Acceptance
- Креирање на приоритети за побарувањата
- Еваулација на побарувањата
Резултат: финализирањето на побарувањата е претпоследната фаза од циклусот кој завршува со употребување на побарувањата. Ќе научиш да креираш евалуација и да поставуваш приоритети кои ќе ти помогнат во понатамошниот процес.
Управување со побарувањата
- Контрола при промени
- Алатки за побарувања
- Софтвер за побарувања
Резултат: ќе ги научиш алатките и како соодветно да ги користиш за различни побарувања.
Креирање сценарија
- Видови сценарија
- Песимистички
- Оптимистички
- Сценарија кои имаат големи шанси да се случат
- Примери и студии на случај
Резултат: ќе научиш како да креираш и тестираш различни сценарија при работа на системот. Ќе поставуваш различни очекувани резултати при песимистички и оптимистички сценарија како и креирање на конкретни студии на случај.
Пронајди ја работата која ја посакуваш!
За времетраењето на програмата ќе ти помогнеме во развојот на твојата кариера, како аплицирање за пракса и работа, се со цел да ги искористиш новостекнатите вештини.
- Учи од професионалци од областа
- Програми подготвени од експерти
- Можност за работа во различни индустрии
- Официјална Microsoft сертификација!
Стекни се со официјална Microsoft сертификација!
Почеток на следна група: Декември 2025
Местата се ограничени!
* Твоите податоци не ги споделуваме со трети лица.