fbpx
19Dec

Андреј Козлов студент на програмата за Business application developer.

Што те мотивираше да се запишеш на програмата за Business application developer?

Главната причина поради која се запишав на програмата за Business application developer беше можноста по завршување на програмата да се вработам во голема и успешна компанија како што е Axapta Masters. Цел ми беше да напредувам и да добијам подобри работни услови од тие што ги имав на претходното работно место.

Кој дел од програмата ти беше највозбудлив?

Мислам дека тоа е проектот, на кој работиш сам и каде имаш можност да искористиш сѐ што си научил во текот на предавањата и вежбите. Да креираш свои класи и методи, кои работат по твоја логика, да се бориш со грешки и истите да ги надминеш, на крајот да добиеш успешен код.  Презентацијата на проектот, односно сопственото “дело”, е дефинитивно највозбудливиот дел.

3 причини зошто би ја препорачал програмата за Business application developer?

  • програмата многу ја олеснува понатамошната работа со Dynamics 365;
  • часови се одржуваат два пати неделно во вечерните часови, што е погодно за сите кои се вработени;
  • предавањата ги водат девелопери со големо искуство во Dynamics 365.

По завршувањето на обуката полагаше за сертификат. Какво е твоето искуство со полагањето? Колку време се подготвуваше?

Ова беше мое прво полагање на Microsoft сертификат, за подготовка одвоив околу 5 дена. Благодарение на добрата подготовка за време на целата обука во текот на испитот не чувствував голем стрес, брзо и мирно одговорив на сите прашања и положив.

Кој е твојот совет за студентите кои се на почеток од својата ИТ кариера?

Почетокот на кариерата е многу важен. Мојот совет е да одберат компанија во која ќе можат постојано да учат под водство на тим лидери кои несебично ќе ги споделат нивната експертиза и знаење.

Дали ја пронајде работата која ја посакуваше?

Јас посакував подобри работни услови и да мислам дека ги најдов. Засега сум задоволен и не жалам што донесов одлука да се запишам на курсот, а потоа и да сменам работа.

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top