fbpx
21Dec

Павле Стојанов студент на програмата за Data Analyst.

Зошто се одлучи да направиш промена во кариерата?

Промените се дел од нашиот живот, нашето секојдневие и окружување па оттука и составен дел од нашата кариера. Јас доаѓам од полето на економија, што во мојот случај би значело премин од општествени науки во информатичкиот свет.

За мене промената во кариера не претставува бришење на минатото и почнување од почеток, туку прилагодување. Приспособување на новите трендови, новите технологии и стекнување со нови вештини се со цел да се остане компетитивен на пазарот на труд и во чекор со предизвиците на новото време. Сметам дека кариерниот раст е возможен само преку учење, прифаќање ризик и адаптација.

Што беше пресудно за да се запишеш на програмата за Data Analyst на Axapta Learning Center?

Axapta Learning Center нуди навистина многу интересни програми со можност за глобална Microsoft сертификација. Мојот избор падна на Data Analyst од една единствена причина што најдов една тесна поврзаност и корелација со мојата претходна работна позиција.

На обуката Data Analyst имав можност да увидам што значи работа во Power BI, од обработка на огромни бази на податоци, до користење на DAX како далеку пософистицирана библиотека на функции и операции споредено со Excel и можност за визуализација според природата на извештајот што ја прави оваа апликација беспрекорна алатка за анализа и носење менаџерски одлуки.

Според тебе, дали е возможно да се започне кариера во ИТ индустријата без претходно соодветно образование?

Секако дека e можно. Првично секој треба да си постави јасно дефинирани цели во која сфера од ИТ индустријата се гледа. Потоа е потребна силна желба, самоиницијативност и мотивираност за учење, голема посветеност и истрајност. Резултатите нема да дојдат преку ноќ, меѓутоа сигурно ќе бидат видливи и мерливи за одреден временски период.

Какво е твоето искуство со Axapta Learning Center?

Имав прекрасно и незаборавно искуство за време на четири месечната обука во Axapta Learning Center. Можноста да учам преку практични вежби и примери од вистински професионалци, истовремено, воспоставување на нови конекции или networking, што значеше дополнително споделување на идеи, знаење и искуство со студенти кои доаѓаат од различна индустрија од мојата, се создаде многу позитивна работна атмосфера што го правеше учењето уште поинтересно и полесно од вообичаеното.

Најважна лекција што ја научи на обуката?

Потребно е континуирано учење во текот на целиот живот. Во ИТ индустријата која нуди неограничени можности за истражување и работа е невозможно е да се очекува една индивидуа да има експертско познавање од сите сфери, затоа, неопходно е специјализирање во еден домен, споделувањето на знаење со тимот и заемно решавање на проблемите. А, во однос на самата обука една од најважните работи кои ги научив, е раскажувањето на целосна приказна за клиентот читајќи и моделирајќи ги податоците на правилен начин.

Според твоето искуство, колку одлуката за кариерна промена отвора нови можности?

Секоја една минута издвоена за стекнување нови вештини и знаење ја отвораат вратата која нуди нови можности. Во зависност од тоа колку порано се одлучите за кариерна промена, толку побрзо предизвикот ќе тропне на вашата врата.

Кој е твојот совет за сите кои чувствуваат потреба за промена на кариерата и кои размислуваат да станат дел од се поголемото Axapta Learning Center семејство?

Ги охрабрувам сите заинтересирани да се пријават на некоја од програмите на Axapta Learning Center. Возраста и претходното искуство не треба да бидат изговор во исполнувањето на својот сон. Би им порачал дека никогаш не е доцна и ги уверувам дека Axapta Learning Center е вистинското место за нови почетоци.

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top