fbpx
7Jul

Бранко Гавриловски студент на програмата за Business Analyst

Од Supply Manager до Business Analyst: Моето искуство со програмата на Axapta Learning Center

Зошто се одлучи конкретно за Business Analyst програмата? 

Постојат повеќе причини поради кои се одлучив за Business Analyst програмата. Пред сè, поради фактот што веќе подолго време сакав подлабоко да ги разберам процесите на еден бизнис и на некој начин да направам промена во кариерата.

Со оглед на фактот дека веќе подолго време работев како Supply Manager, пронајдов некоја тесна врска измеѓу business analyst во ИТ секторот и менаџирањето на Supply chain процесот. Сметав дека ова е одлична можност за мене.

👉 Прочитај повеќе за програмите на Axapta Learning Center

Кој дел ти остави најголем впечаток?

Делот што ми остави најголем впечаток беше работата на реални бизнис сценарија и изнаоѓањето на соодветни решенија за целиот нивен процес.

Преку практичните задачи, најмногу почувствував како аналитиката директно влијае врз одлучувањето и оптимизацијата на деловните процеси. Целокупната работна атмосфера и несебичното споделување на искуството на нашите предавачи ми даде чувство дека сум на правиот пат.

Кои беа твоите очекувања и дали истите беа достигнати? 

Искрено, во академијата влегов без некои посебни очекувања, токму поради стереотипот кај нашиот менталитет – дека ‘’ова е уште една од оние академии коишто само им е битно да ни ги соберат парите’’.

Меѓутоа уште од самиот почеток бев пријатно изненаден од начинот на работа, пријатната атмосфера, карактерот и однесувањето на предавачитe. Уште тогаш имав чувство дека сум на вистинското место. 

Како го оценуваш концептот на предавањата и менторската поддршка која ја доби за време на програмата? 

Генерално гледано, концептот и поддршката се одлично усогласени кон потребите на студентите на академијата. Покрај големиот број на реални сценарија коишто ни беа поставувани како задачи, не е на одмет дури уште повеќе да се обрати внимание на истото, бидејќи само со повторување на реалните сценарија и задачи ние стануваме се подобри во она што го работиме.   

Како програмата влијаеше врз трансформацијата на твојата кариера?

Ова беше одлична појдовна точка. Доволно добро ги совладав основите на Microsoft Dynamics 365, што ми овозможи да започнам ново поглавје во кариерата.

Kако те подготви програмата на Axapta Learning Center за започнување на кариера во оваа насока?

Програмата навистина премногу ми помогна и беше клучна во мојот почеток како функционален консултант. Уште од самиот старт, благодарение на силната основа што ја добив од академијата, успеав многу брзо да се вклопам во новата работна средина. Знаењата поврзани со деловните процеси, анализа на барања и практичната примена на алатки ми дадоа самодоверба и сигурност во мојата работа.

Највредно од сè беше тоа што не се чувствував како почетник – туку како некој што веќе разбира како функционира целиот процес и кој може да даде конкретен придонес од првиот ден. Тоа чувство на подготвеност и поддршка е нешто што вистински ја издвојува оваа програма.

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top