fbpx
23Jul

Ивона Колева студент на програмата за Business Analyst

Како се запозна со програмата за Business Analyst?

По магистерските студии, се наоѓав во фаза кога барав нешто што ќе го надогради моето постоечко знаење, но и ќе ми овозможи практични вештини кои се повеќе се бараат на пазарот на труд.

Откако детално ги разгледав понудените академии и програми, токму Business Analyst програмата ми се покажа како логичен и стратешки следен чекор. По краток информативен разговор со тимот, донесов одлука да се запишам – и од денешна перспектива, тоа беше вистинска одлука.

Кое беше твоето искуство со програмата и што ти остави најголем впечаток?

Најголем впечаток ми остави достапноста и поддршката од предавачите – секогаш спремни да одговорат и објаснат со реални примери од секојдневното работење. Посебно би го истакнала Стефан Герасимов, кој преку практични вежби успеа да го доближи комплексниот производствен процес на едноставен и интересен начин.

Преку програмата стекнав солидна основа во работењето со Microsoft Dynamics 365, ги подобрив своите аналитички вештини и научив како ефективно да ги поврзувам деловните барања со функционалностите на системот. Дополнително, стекнав јасна претстава за улогата на функционалниот консултант во унапредувањето на деловните процеси преку имплементација на софтверски решенија.

3 причини зошто би ја препорачалa програмата за Business Analyst?

Би ја препорачала од три главни причини:

1. Одлично структуирана програма со практични содржини

2. Ментори со реално искуство и искрена поддршка

3. Простор за личен раст и охрабрување да се прифати нешто ново, дури и кога изгледа предизвикувачки

Најважна лекција што ја научи на програмата?

Секој нов почеток крие нова можност – само треба да верувате во својот истражувачки дух и да бидете доволно храбри да го направите првиот чекор.

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top