fbpx
9Jul

Да имаш добро составено и квалитетно професионално портфолио (CV) е како да имаш супер моќ за време на барањето на работа. Тоа е твојот борец и првата можност да се претставиш во најдобро светло пред потенцијални работодавци и да успееш да се истакнеш од останатите на пазарот на трудот.

Без оглед дали си на почетокот на твојата кариера или сакаш да го промениш работното место, добро склопеното портфолио со твоите најдобри досегашни проекти и работни искуства е секогаш клучот до позитивни резултати.

Овој документ може да биде застрашувачки за многумина. Можеби не си сигурен/а за вистинскиот начин за пишување и форматирање на твоето портфолио, но без грижа , тука сме да те водиме низ процесот на создавање на твоето портфолио, почнувајќи од нула.

Направи го да изгледа едноставно

Едноставно е секогаш најдобро! Нагласи го квалитетот над квантитетот, со тоа што ќе го направиш да изгледа кратко, интересно и информативно. 

Наведи ги најдобрите проекти по категории, никој не сака да види различни проекти кои се расфрлани низ една страница, тоа може да делува многу збунувачки за секој. 

Работодавците ќе сакаат да прочитаат повеќе информации за тебе, затоа обезбеди им лесно пронаоѓање на тие информации. Креирај категорија каде што ќе има информации лично за тебе и секако твој контакт. 

Одлучи што ќе прикажеш во портфолиото

Размисли за фразата “Вие сте добри исто како и вашиот последен проект”. Работодавецот најверојатно ќе прегледа еден или два проекти, затоа прикажи ја твојата најдобра работа, а не цела твоја работа.

Замисли се себеси како ја раскажуваш својата „уметност“ и прикажи ги проектите кои најдобро го демонстрираат твојот талент и искуство. Опиши ги своите должности и достигнувања. Тоа значи вклучување на значајни информации и специфични примери за да му го задржиш вниманието на работодавецот. 

Исто така, треба да знаеш која е твојата цел и што се обидуваш да постигнеш. Склопи го твоето портфолио со искуства и вештини за позицијата за која сакаш да аплицираш.

Раскажи ја твојата приказна

Да ги импресионираш луѓето со твоите технички вештини е една работа, да ја придобиеш нивната доверба и да ги мотивираш да сакаат да работат со тебе е сосема друга приказна. Затоа твоето портфолио не само што треба да дава влијателен опис за твојата досегашна работа, туку и за тебе како личност позади сето тоа. 

Во твоето портфолио креирај категорија “За мене” каде што ќе прикажеш подетални информации за твоите интереси и хоби надвор од работата. Раскажи ја својата приказна, објасни како си одлучил/а да го правиш тоа што денес го правиш и опиши ги „искушенијата“ кои ги помина на твоето „патување“ кон тоа да станиш професионалец. 

Искажувањето на твојата индивидуалност ќе ти помогне да се истакниш од толпата што секогаш претставува добра работа. Само погрижи се  тоа да изгледа  точно, лесно и „слатко“ за читање. 

Потруди се да се истакнеш од конкуренцијата

Дали имаш освоено некоја награда во последно време? Имаш квалификации кои што даваат дополнителен кредибилитет  во твоето портфолио? Или пак имаш добра препорака од претходен работодавец? Стави ги на твоето портфолио, биди горд/а да ги покажеш своите достигнувања. 

Секој работодавец кој ќе го погледне твоето портфолио и смета дека ќе бидеш добар дел од тимот, ќе сака и да погледне и доказ дека можеш да го исполниш тоа што го ветуваш. Биди сигурен/на дека твоето портфолио изобилува  со кредибилитет, за да ги убеди работодавците да го земаат телефонот и да те побараат.

Не заборавај дека твоето портфолио е она што го остава првиот впечаток и со негова помош треба да се „продадеш” себеси кај потенцијалниот работодавач. 


Се надевам ти го олеснивме патот кон креирање на твоето портфолио и ќе успееш да ги прикажеш твоите искуства и напорна работа во најдобро светло. Последно што можеме да направиме е да ти посакаме да постигнеш  многу успеси во твојата кариера и постојано да го надградуваш твоето знаење.

Погледни ги нашите програмите во Axapta Learning Center со кои ќе ти помогнеме да ги усовршиш твоите вештини и да го надополниш твоето портфолио. 

Искористи го попустот од 30% за рана пријава до крајот на месец Јули и резервирај го твоето место! 

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top