fbpx
14Dec

Нешто ти недостасува и не ти дозволува да се чувствуваш исполнето на кариерно поле? Размислуваш дали да ја промениш досегашната кариера и да започнеш нова? Или пак сакаш да ги надоградиш вештините кои што си ги стекнал/а во твоето досегашно образование?

 Доколку имаш јасна визија каде сакаш да одиш и ако ја имаш вистинската мотивација тогаш се што треба е да го направиш првиот чекор. 

Тука сме да ти помогнеме да ја направиш правилната одлука и да зачекориш во ИТ индустријата како Business Analyst, притоа да ти покажеме зошто Business Analyst е добра опција за кариерна промена и надградување на твоите вештини.

Секој работен ден како Business Analyst е различен

Да се биде Business Analyst е неверојатно динамично. Во оваа професија ниту еден ден не е ист како претходниот, па токму затоа оваа професија ја работат луѓе кои се „problem solvers“, односно лесно може да се снајдат и да ги решат предизвиците со кои секојдневно се сретнуваат. На дневна база секој Business Analyst се соочува со нови предизвици за решавање од своите клиенти што го прави совршено работно место за некој што цени динамично работно опкружување.

Главните обврски на Business Analyst се истражување на целите и потребите на клиентот, анализа на информациите, комуникација со широк спектар на луѓе, создавање предлози и решенија за стратешки и оперативни промени и изнаоѓање начин за спроведување на тие решенија.

Тие значително се разликуваат речеси секој ден, во зависност од разновидноста на тековниот проект и клиент.

Побарувачката за Business Analyst на пазарот е во забрзан раст 

Пазарот за Business Analyst-и постојано расте во сите индустрии! Многу компании започнаа да ја разбираат вредноста на оваа професија и веќе се натпреваруваат да ги привлечат и вработат најдобрите, а особено аналитичарите односно консултантите кои работат со Microsoft бизнис технологии. 

Секако оваа професија има голем потенцијал и според неколку истражувања кои се спроведени, побарувачката за нив во иднина нема да опадне, баш напротив, со дигиталната трансформација која ги опфаѓа сите индустрии ќе се зголеми. Консултантите носат вредност за секоја компанија, како поддршка на големите претпријатија, банки, градежни компании, компании кои работат со производство или пак во малопродажба со оглед на системите кои ги користат. Посебно и во ИТ компаниите како дел од тимовите кои работат со Microsoft бизнис технологии за истите индустрии, каде што секој предизвик детално го анализираат, ги креираат своите решенија и стратегии. 

Добро платена професија

Во секоја професија нормално искуството си го прави своето и висината на платата зависи и од тоа, но сепак за Business Analyst позицијата како почетник платите можат да бидат како на еден јуниор девелопер во секоја ИТ компанија, а потоа зависи од тебе и твојот кариерен напредок.

Доколку одлучиш да промениш компанија и работно место, твојата плата ќе зависи од претходната плата, сегашната состојба на ИТ индустријата, твоето искуство, тежината на проектите со кои си работел/а како и причината поради која одиш во новата компанија.

Независност и флексибилност во работењето

Работата како Business Analyst вклучува голема одговорност и донесување на одлуки за многу ситуации со што им се дава доверба и флексибилност на консултантите за самостојно извршување на своите задачи. Тие работат директно со клиентите и сами си го организираат работното време според потребите. 

Истото им овозможува на сите вработени поголема слобода и со помалку стрес да ги исполнат и надминат очекувањата на клиентите. 

Растеш како индивидуа и како тим

Иако оваа професија дава многу слобода и автономија, вработените со кариера како Business Analyst работат на проекти со луѓе од многу различни оддели во компанијата и работат со клиенти од различни индустрии и континенти.

 Ти не само што ќе решаваш проблеми и предизвици кои ќе придонесат многу за компанијата каде што работиш, исто така ќе научиш многу за улогата и вредноста за секој оддел во компанијата. Како секој од нив работи и како се извршуваат задачите, и со тоа ќе се развиваш и ќе се усовршуваш заедно со твојот тим.

Работејќи со клиенти од целиот свет ќе успееш да ги развиеш своите лични вештини за комуникација и ќе ја научиш работната култура во секоја држава. 

Доколку се ти се допадна тоа што го прочита дефинитивно програмата за Business Analyst е за тебе! Истата опфаќа 8 модули кои за 7 месеци ќе те подготват за работа на проекти и клиенти од целиот свет. Почетокот на следната група е на 21ви март 2022ра. Pезервирај го твоето место! 

*Оваа програма е за сите оние кои сакаат за ја надополнат моменталната или да започнат нова кариера, притоа не е потребно предзнаење од областа за почетници. 

Повеќе информации може да погледнете тука или да не исконтактирате на 070 310 734. 

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top