Светот на Business App девелоперите е секојдневно исполнет со конструктивно размислување и иновативно решавање на проблеми.
Без разлика дали работат на развивање на апликација, на нејзино одржување, дали обработуваат податоци, автоматизираат процеси или истражуваат дополнителни елементи, можеме слободно да кажеме дека ним речиси никогаш не им е досадно.
Но да ги оставиме техничките подробности и побарувањата на ова работно место настрана. Нам ни е важно дали ти се препознаваш себеси како совршен кандидат за Business App Developer и дали ги поседуваш следниве 6 особини, својствени за успешните на ова поле:
Кариерната флексибилност ти е приоритет
Кој, во денешно време, сака да биде „врзан“ за едно работно место и постојано работно време со децении? Светот во 21-от век се смени и е приспособен во наша полза.
Без разлика дали сакаш да смениш компанија, да напредуваш на работното место, да работиш од друга локација или да ја смениш својата дневна рутина, ваквите работни позиции како Business App Developer ти го дозволуваат тоа. Се додека работните часови ти се исполнети со конструктивна експлозивност со која ги завршуваш сите задачи, никому нема да му е важно од каде работиш и каков е твојот дневен план, а просперитетот ти е загарантиран.
Слободата која ја добиваш поради оваа флексибилност е бесценета. Ти одбираш дали ќе работиш за технолошки гигант со најреволуционерните канцеларии на денешницата, за компанија во која владее позитивна и креативна атмосфера, или пак ќе си бидеш претпоставен на самиот себеси, работејќи како фриленсер, на оддалеченост и паралелно со посетување на уште неколку други курсеви за надоградување на знаењата.
Ваквиот пристап ти обезбедува отворен светоглед и многу шанси да напредуваш во вештините, до тој степен што можеби еден ден ќе се најдеш во ситуација да започнеш своја компанија.
Избегнуваш репетитивност на работното место
Репетитивноста е непријател на мотивацијата, или како што вели познатата авторка Џоана Пен: „Исцрпеноста предизвикана од репетитивна работа може да ја убие креативноста и страста, ако не посветиме време на развивањето и грижата за творечката искра во нас“.
Ако си човек кој не сака да ги извршува речиси истите обврски секој ден, оваа кариера е совршена за тебе. Докажано е дека разновидноста во секојдневните задачи е двигател за поуспешно работење.
Се разбира, девелоперите имаат одреден процес за развивање на секоја апликација кој треба да го следат. Тоа подразбира составување на почетен план, пишување на скрипта, тестирање на код и сл. Но освен овие стандардни критериуми, целиот креативен процес нуди и можност за иновативност.
Што значи тоа?
Секој проект е шанса да се соочиш со нов и уште поинтересен предизвик. На овој начин ти се разгорува креативноста и ги развиваш вештините за решавање на проблеми. Работејќи на решенијата, сфаќаш дека никогаш нема да има две исти, без разлика дали, на пример, интегриграш параметри за chatbot или, пак, изработуваш некаков вид на интерактивен интерфејс.
Многупати клучот за решавање на одреден проблем ќе зависи од твојата подготвеност да прифатиш нов и алтернативен пристап кон истиот. Ако си личност отворена за нови идеи и гравитираш кон иновативни решенија, работењето како Business App Developer ќе ти донесе постојана свежина во професионалното секојдневие!
Ја знаеш својата вредност и го почитуваш својот труд
Иако финансиската благосостојба и просперитетот не треба да ти се единствените причини за одбирање на оваа позиција и напредок во ова поле, во реалноста тие се клучни. Темата за паричниот надоместок за нечиј труд никогаш не треба да е табу. Нема ништо погрешно во тоа да го вреднуваш својот труд онолку колку што чини.
Поради големата побарувачка на глобално ниво, Business App девелоперите имаат прилично солидни финансиски примања, дури и додека се на пониско ниво на вештини. Правопропорционално со нивниот напредок, таа сума се зголемува. Сепак, имај на ум дека истата зависи и од неколку други фактори, како: искуството што го имаш, твоето формално и неформално образование, местоположбата од која работиш, софтверот со кој работиш, клиентите за кои се грижиш и дали работиш за компанија или како фриленсер.
Она што е важно е да ги развиваш своите вештини и да работиш квалитетно, за да имаш кредибилитет правилно да го вреднуваш својот труд. Know your worth. Ние веруваме во тебе!
Подготвен си никогаш да не престанеш да учиш
Хоризонтот на речиси сите позиции во ИТ сферата е бескраен. Постојаниот напредок на технологиите те приморува да се држиш во чекор со нив и да го прифатиш фактот дека ќе учиш цел живот. Ако си личност која веќе го сфатила тоа, на добар пат си да станеш авторитет во својата област.
Ова е и уште една причина зашто како Business App Developer никогаш нема да стагнираш, заробен во репетитивност. Секогаш ќе имаш нешто ново за учење. Згора на тоа, преку вештините кои ќе ги развиеш работејќи со клиенти, ќе научиш како подобро да ја разбираш и бизнис-економската сфера, или, пак, како полесно да користиш алатки за организација на секојдневниот живот.
Впушти се во авантура исполнета со нови знаења!
Сакаш работата да те исполнува
Работата на секој девелопер може да исполнува, да инспирира и да е забавна.
Чувството на исполнетост доаѓа од фактот дека со создавањето на одредени апликации директно влијаеш во насока на подобрување на светот. Веруваме дека и ти, како и ние, сакаш да придонесеш во олеснување на работата на одредени клиенти, кои потоа би ја олесниле својата достапност за услуги на потрошувачите. Најголемата награда за секого е да ги види позитивните импликации од својата работа. А како Business App Developer често ќе си сведок на тоа.
Твојата посветеност и плодовите од твојата работа ќе бидат инспирација за многумина околу тебе, особено за другите тимови или членовите на твојот тим во една компанија. Размислувањето out of the box, пронаоѓањето на креативни решенија и создавањето на готов производ од нула ти овозможуваат да ја прикажеш својата уникатност и генијалност. Истите нема да поминат незабележани.
И сето ова звучи многу забавно. Уште позабавно станува кога работиш на интересна и интерактивна платформа за развивање на апликации!
Размислуваш долгорочно
Business App Developer е добар избор за личностите кои размислуваат однапред и ја имаат иднината во предвид. Тоа е така од едноставна причина што побарувачката за девелопери на светско ниво може само да расте во следните две децении.
Имај на ум дека живееме во свет во кој постои огромна листа на области за кои се потребни соодветни апликации. Бизнисите и регулирањето на нивните процеси преку апликации се на врвот на таа листа. Се надеваме дека овој факт, во комбинација со сите други предности што ги споменавме погоре, јасно ќе те насочи кон одговорот – Business App Developer е совршена кариерна определба за тебе.
Jump on board!
Се пронајде во некоја или во сите особини? Размислуваш ли слично како нас? Ако одговорот е да, не чекај и направи рана резервација на место со 30% попуст до 31.12.2021г на следниот линк.
Следната група на Axapta Learning Center за програмата Business App Developer започнува на пролет 2022! Структуирана е така што можат да ја посетуваат вработени во ИТ сферата кои сакаат да го надоградат своето знаење, дипломирани ИТ инженери или студенти, без разлика колкаво претходно познавање поседуваат. Местата се ограничени!
Повеќе информации и одговор на сите дополнителни прашања ќе пронајдеш тука или ако не исконтактираш на 070 237 065.



Leave a reply