Ана Штерјова студент на програмата за Business Analyst
Зошто се одлучи за програмата за Business Analyst?
Причината поради која се одлучив да се запишам на програмата за Business Analyst беше да започнам со изучување на нови технологии и да ги проширам своите знаења во делот на IT сферата. За првпат се сретнав со Microsoft Dynamics 365, неговите можности како ERP систем и функционалностите кои ги нуди како интегрирано системско решение за целосно функционирање на една компанија.
Кој дел од програмата ти остави најголем впечаток?
Најголем впечаток ми остави делот каде што самите предавачи ни задаваа “домашни задачи”, да тестираме одредени функционалности во самиот систем, истражување на грешките кои ни се појавуваа како и нивното решавање.
3 причини зошто би ја препорачалa програмата за Business Analyst?
Ако треба да набројам зошто би ја препорачала оваа програма на другите би рекла:
- Можност да научат нешто ново, бидејќи Dynamics 365 е навистина еден огромен ERP систем кои нуди многу функционалности и решенија за компаниите. За оние кои имаат основни познавања од Microsoft Dynamics 365 како крајни корисници можат дополнително да ги продлабочат и надградат своите знаења
- Масовното зголемено користење на овој ERP систем во светски рамки овозможува креирање на нови и атрактивни работни позиции
- Одлична појдовна точка доколку некој сака да направи кариерна промена
По завршувањето на обуката полагаше за Microsoft сертификат. Какво е твоето искуство со полагањето? Колку време се подготвуваше?
По завршување на обуката веднаш решив да полагам за Microsoft сертификат бидејќи сметав дека подобро и полесно ќе успеам да го совладам материјалот додека се уште се свежи стекнатите знаења. Се подготвував околу 1 месец со оглед на тоа дека имав и други работни задачи како и обврски во домот и семејството. Морам да истакнам дека многу ни помогнаа и самите предавачи бидејќи на крајот од обуката имавме часови каде ги обработувавме материјалите за полагање на испитот, а исто така ни беа достапни секогаш кога имавме одредени дилеми, прашања и сл.
Кои беа твоите очекувања за програмата и дали беа достигнати истите?
Искрено кога започнав со обуката немав многу претстава во што се впуштам 😊 се ми беше ново и непознато, меѓутоа како навлегувавме понатаму во материјалот се почна да станува појасно. Како што трае обуката, се надополнуваат постојано модулите и на крајот се добива некоја перцепција кои се можности ги нуди самиот систем.
Дали по завршувањето на програмата успеа да направиш трансформација на твојата кариера и да ја најдеш посакуваната работа?
Да, непосредно по завршување на програмата се случи мојата кариерна промена. Од скоро сум дел од тимот на Axapta Masters и мора да признаам дека сум возбудена поради новите предизвици кои ме очекуваат.



Leave a reply