fbpx
20Jun

Елена Пауноска студент на програмата за Business Analyst

Како се запозна со програмата за Business Analyst?

По појавување на реклама на Facebook за Академија за Business Analyst и по разгледување на истата, за кратко време се одлучив да се пријавам, со цел да направам кариерна промена и да се насочам во оваа сфера на IT индустријата.

Кое беше твоето искуство со програмата и што ти остави најголем впечаток?

Искуството беше во секој поглед позитивно, а најголем впечаток ми остави концептот на  поставеност на модулите бидејќи истите беа лесно совладливи, дури и за учесниците на академијата кои за прв пат се соочуваат со ERP системи.

Како би ги оценила предавањата и менторската поддршка која ја доби за време на програмата?

Програмата беше добро осмислена, предавачите несебично го делеа своето знаење и беа достапни за нашите прашања и решавање на сите дилеми кои ги имавме при процесот на учење.  

3 причини зошто би ја препорачалa програмата за Business Analyst?

  1. Програмата е лесно совладлива но и динамична и во неа би се пронашол секој оној кој поседува аналитички способности и е желен да навлезе подетално во IT светот.
  2. Потребата за Business Analyst на пазарот на трудот во изминатиот период е на значително високо ниво, па доколку се навлезе во посериозно изучување на овој сегмент, конкурентноста на пазарот на трудот ќе е задоволителна.
  3. Програмата за Business Analyst на Axapta Learning Centarможе да служи како отскочна даска и виза за иднина за успешен кариерен развој во оваа индустрија.

Најважна лекција што ја научи на програмата?

Научив дека со многу труд, јасна цел, истрајност и посветеност во било кој сегмент во животот може да се надминат сите препреки, дилеми и предрасуди и да се постигнат високи резултати во секоја област.

Мојот труд и ангажираност беше препознат од страна на Axapta кои одлучија да станам дел од тимот на функционални консултанти во еден од сегментите во нивната компанија.

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top