Ристо Петровски студент на програмата за Business Analyst
Што беше пресудно за да се запишеш на програмата за Business Analyst на Axapta Learning Center?
Пресудно за запишување на програмата за Business Analyst на Axapta Learning Center беше интересот да научам повеќе за Microsoft D365 ERP системот. Работата како Business Analyst звучеше, и сеуште звучи, предизвикувачки, и сакав да истражам што всушност значи тоа и како истото можам да го искористам за мојот личен кариерен развој.
Сподели ни нешто повеќе за програмата и твоето искуство. Кои беа твоите очекувања од програмата и дали беа исполнети?
Очекувањата беа дека ќе добијам основни предзнаења за D365, и на мое изненадување добив многу повеќе. Стекнав нови вештини и добив увид во креирање и анализа на бизнис процесите, и се стекнав подетално со можностите на D365. Слободно можам да кажам дека очекувањата ми се надминати.
Издвои ни неколку причини зошто би ја препорачал програмата за Business Analyst?
Сите што размислуваат за кариерна промена, без разлика на нивното досегашно искуство, можат да научат повеќе од доволно преку обуката за Business Analyst. Мене обуката ми ги зголеми хоризонтите и ми овозможи да го збогатам моето повеќегодишно искуство работејќи како менаџер и организатор во производство.
Според тебе, дали е возможно да се започне кариера во ИТ индустријата без претходно соодветно образование?
Секако дека е возможно, потребна е само волја и желба. Секогаш соодветно образование е пожелно, и токму затоа и се запишав на академијата. Обуката нуди доволно образование за свеж почеток во ИТ индустријата.
Како продолжува твојата кариера по завршување на програмата? Дали успеа да ја најдеш посакуваната работа?
Мојата кариера продолжи баш како што посакував. По завршување на обуката, ми беше понудена можност да го искористам моето искуство и новостекнатото знаење од обуката и да станам дел од Axapta Masters тимот. Оваа можност ја искористив, и горд сум што можам да кажам дека сум дел од тимот, и најверојатно обуката има огромен, ако не и пресуден удел во мојот кариерен развој.



Leave a reply