fbpx
21Mar

Марија Анакијева студент на програмата за Business Analyst

Зошто се одлучи токму за програмата за Business Analyst?

За програмата Business Analyst се одлучив поради тоа што сакав да започнам кариера во ИТ индустријата со тоа што сакав да научам и нешто повеќе за бизнис процесите на компаниите. Business Analyst улогата ми звучеше како одличен спој на логика, комуникација и техничко знаење, а програмата беше вистинскиот чекор за тоа.

Кое беше твоето искуство со програмата и издвои ни дел кој ти остави најголем впечаток?

Во текот на програмата успеав да добијам претстава за тоа како функционира системот D365 и како може да се применува во различни бизнис процеси. Најмногу ми се допадна тоа што сите бевме активни во решавање на задачите и предизвиците, што ни овозможи не само подобро да ги разбереме функционалностите на системот, туку и да размислуваме логички. Исто така, една од придобивките беше тоа што не учевме само теорија, туку имавме можност да работиме со конкретни примери. Размената на идеи и пристапи кон проблемите ни помогнаа да согледаме дека за секој предизвик постојат повеќе можни решенија.

Како би ги оценила предавањата и менторската поддршка која ја доби за време на програмата?

Менторите секогаш беа подготвени да ни одговорат на прашањата и да ни ја доловат бизнис логиката најдобро што можеа. 

Што би им препорачала на идните студенти кои размислуваат да се запишат на програмата?

Доколку размислувате за промена на кариерата и сакате да влезете во светот на ИТ, оваа програма е вистинскиот избор. Бидете подготвени да вложите време и труд, бидејќи процесот на учење бара посветеност. Не плашете се да поставувате прашања и активно да учествувате во дискусиите зошто така ќе научите најмногу.

Дали по завршувањето на програмата успеа да направиш трансформација на твојата кариера?

Успеав да направам трансформација во мојата кариера благодарение на оваа програма. По завршување на програмата, започнав пракса во Axapta Masters, што ми овозможи да ги применам стекнатите знаења и да навлезам подлабоко во бизнис процесите и примената на системот. Откако завршив со праксата, ја започнав мојата кариера како Business Analyst и со тоа постојано да го надградувам моето знаење. Програмата е доста предизвикувачка, но истата нуди значајна вредност за секој што сака да стекне нови вештини и да научи нешто ново. Со труд и истрајност, секој што сака може да ја совлада програмата и да стекне искуство кое понатаму ќе му биде потребно за професионалниот развој.

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top