Развивањето на апликации често се смета за комплексно, скапо и нешто за кое што треба многу време. Сепак, користејќи го иновативниот пристап познат како “low-code development”, секој може да создаде моќни бизнис апликации без потреба од традиционални вештини за кодирање.
Kористењето на Power Apps и Power Platform е нов брзо-растечки светски тренд за оптимизација и дигитализација на голем дел од процесите во компаниите без разлика на индустријата. Токму затоа програмaта за Power Apps Developer е идеална за започнувањена IT кариера и без претходно искуство.
Low-code пристапот е доволно едноставен за почетници да изградат апликации со висока вредност, воедно доволно софистициран да ги задоволи потребите на професионалните програмери кои се справуваат со комплексни предизвици. Во двете сценарија, драстично се намалува обемот на работа кој е потребен да се креира и стартува една апликација. Преку едноставен кориснички интерфејс, може да креираш апликации кои ги дигитализираат процесите, собираат и споделуваат важни податоци и го оптимизираат работниот ден – се тоа без да научиш традиционално да кодираш.

Доколку градиш low-code апликации, ти си дел од група на страстни и посветени бизнис професионалци наречени “Power Apps Developer.” Power Apps Developer може да биде лице од било која област на бизнисот: операции, маркетинг, сервис за корисници, финансии итн. Всушност тоа е некој кој користи low-code алатки за решавање на бизнис предизвиците без потреба од експертиза за кодирање. Microsoft Power Apps како дел од Microsoft Power Platform, обезбедуваат целосно решение за развој на low-code апликациите.
Запознај ги бизнис алатките
Power Apps ти помага да ги претвориш идеите во организациски решенија со тоа што ти овозможува да креираш конкретни и наменски апликации кои ги решаваат бизнис предизвиците. Ако си запознаен/а со алатки како PowerPoint, Excel или SharePoint, веќе имаш предност – ќе видиш дека работата со Power Apps е всушност слично искуство. Со Power Apps можеш лесно да креираш корисни бизнис апликации преку корисничкиот интерфејс, без потреба од кодирање.
Убавината е во малите нешта
Кога ќе ја креираш твојата прва апликација, да биде помала е подобро. Избери добро дефинирана задача што треба да ја изврши апликацијата и кој треба да е финалниот исход од истата. Создавањето на решение е многу полесно кога имаш јасна идеја за тоа кој е проблемот што го решава. Ова ќе ти овозможи да навлезеш подлабоко при креирање и да почнеш да истражуваш додека си фокусиран. На пример, апликација која прикажува информации од некоја табела или SharePoint листа е лесно да се изгради и да се прилагоди.
Запознај ја твојата публика
Разбирањето на проблемот што треба да го решиш и податоците кои ќе ги користиш се првите важни чекори за создавање на одлична апликација. Клучен дел од сложувалката е да знаеш кој ќе ја користи твојата апликација и како. Започнувајќи од предизвикот кој си го искусил/а и ти, овој процес е направен многу поедноставен. Ако ти и твојот тим сте корисници на апликацијата, поедноставно ќе осознаете дали ќе пристапувате до апликацијата преку мобилен телефон или таблет. Ваквите одлуки ќе влијаат на тоа како ќе ја креираш апликацијата. Ако вие не сте целната група за вашата апликација, одвојте одредено време за да ги разберете потребите на оние кои би ја користеле. Кои уреди ги користат? Каков им е денот? Каква вредност ќе им обезбеди вашето решение? Ставете се себеси во нивните чевли, тоа ќе помогне вашата апликација да биде поуспешна.
Искористи го тоа што го имаш достапно
Power Apps е дизајниран да работи беспрекорно со Microsoft 365, Dynamics 365, и многу надворешни апликации и извори на податоци. Кога за прв пат започнуваш со ваков тип на апликации еден од начините е да го изградиш твоето решение врз основа на нешто што добро го познаваш. Почнувајќи од Microsoft 365 Excel табела која се чува во One Drive за бизниси е одлична основа за креирање на Power App. Откако апликацијата ќе биде финализирана, можеш да ја поврзеш со Microsoft Teams, со цел да се поттикне користење и прилагодување. Од менито на Power Apps можеш автоматски да генерираш нова апликација која ќе ги поврзе податоците со Dynamics 365 со само неколку кликови. Почнувајќи со податоци кои ти се познати, може да стигнеш за краток временски период до функционална апликација.

Инспирирај се
Возбудливо е да дознаеш колку луѓе исто како тебе направиле големи подобрувања во компаниите од кои се дел користејќи Power Apps. Тие, исто така, можат да те инспирираат и да ти дадат корисни насоки за кога ќе го започнеш твојот нов кариерен пат. Погледни дел од нивните приказни и откриј што се можеш да постигнеш.


Продолжи да учиш
Започнување на кариера како Power Apps Developer може да биде предизвик, но со правилна подготовка и обука, имаш можност да постигнеш голем успех во оваа индустрија. Регистрирај се денес на програмата и започни со креирање на твоите први бизнис апликации!



Leave a reply