Во свет што се движи со брзина на податоци и технологија, Business Analyst е улога што ја поврзува визијата со реалноста. Компаниите во голема мера се потпираат на анализа на бизнис податоците за растот на својот бизнис, со што улогата на бизнис аналитичарите има силно влијание.
Тие претставуваат мост меѓу бизнисот и технологијата – ги разбираат потребите на клиентите и умеат да ги преведат во функционални решенија.
Од практична едукација до ИТ професионалци со конкретни вештини
Еден типичен ден како Business Analyst започнува со анализа на задачи, координација со проект-менаџерите и комуникација со клиентите.
Ристо Петровски и Марија Анакијева, слушатели на програмата, а денес вработени во AXM365, споделуваат:
„Секој ден започнува со преглед на активности и дефинирање на приоритетите. Со самото работење со ERP системот Microsoft Dynamics 365, се отвораат многу врати за работа, како во Македонија, така и во странство.“
Покрај теоретско изучување на процесите, програмата за Business Analyst вклучува и секојдневна работа на реални бизнис-сценарија во системот. Со секој модул, студентите не само што го совладуваат системот, туку развиваат аналитичко размислување, препознаваат можности за подобрување и предлагаат решенија кои носат конкретна вредност.
„Работењето на реални сценарија на самата програма многу ми помогна да се справам со реалните предизвици кои доаѓаат со улогата како Business Analyst.“
🤝 Тимска работа и директен контакт со клиенти
Марија го опишува својот ден како динамичен и исполнет со соработка:
„Најмногу комуницираме со клиентите, со членовите од тимот и со проект менаџерот. Најголемиот предизвик? Да ги исполниме очекувањата и имплементираме барањата на клиентот во системот, така што сè ќе функционира совршено.“
„Секој проект е приказна сам за себе, секој проект е сосема различен и самата обука овозможува краток преглед на сите модули кои се опфатени во Microsoft Dynamics 365.“
Работата со интернационални клиенти е динамична, интересна и исполнета со учење. А официјалниот Microsoft сертификат со кој студентите имаат можност да се стекнат по завршување на програмата е отскочна даска во кариерата, потврда дека си подготвен за вистински професионални предизвици.
Кои вештини ги поседуваат луѓето кои работат во улога на Business Analyst?
Тие комбинираат аналитичко размислување со фокус на детали и одлични комуникациски вештини. Знаат како да ги организираат и приоритизираат задачите, брзо да донесуваат одлуки и да решаваат проблеми во кратки временски рокови. Професионалноста и прецизноста во комуникацијата со клиентите, како и градењето доверба, се клучни за долгорочна соработка.
Познавањето на ИТ технологијата во рамките на еден ERP систем, како и способноста брзо да се справуваат со секојдневните бизнис-предизвици, ја прави улогата на Business Analyst-ите значајна и влијателна во тимот.
Зошто Аxapta Learning Center?
„Затоа што отвора многу врати, програмата ми се виде интересна. Самата комплексност на системот е голем предизвик да се знае. Уште од првиот ден знаев што ќе работам, како да го сработам и каде да барам во системот.“
„Се одлучив токму за Axapta Learning Center бидејќи овозможуваат обука за системот Microsoft Dynamics 365. Сакав да ги научам бизнис процесите и да навлезам во светот на ИТ. Знаев дека ќе соработувам со професионалци во оваа област, така што одлуката беше едноставна.“
🌐 Учи денес – работи глобално утре
Без разлика дали започнуваш нова професионална насока или чекориш напред во кариерата, на програмата за Business Analyst ќе развиеш вештини и компетенции кои компаниите ги препознаваат и вреднуваат. Ќе стекнеш знаење, но и практично искуство, токму она што ти треба за да ја започнеш својата кариера во една од најбараните ИТ улоги денес.
Во Axapta Learning Center, учењето не е само теорија, туку рана и реална подготовка за работа со технологии кои се клучни на глобалната сцена.
👉 Дознај повеќе за програмата и приклучи се на есенската група. Преостануваат уште неколку места!
Практична едукација. Глобални можности.



Leave a reply