Јоргу Ќосески студент на програмата за Business Analyst
Поради која причина се одлучи да се запишеш на програмата за Business Analyst?
Причината поради која се одлучив да се запишам на програмата за Business Analyst е да ги надоградам моите досегашни знаења од IT индустријата и да стекнам нови во делот на ERP ситемите, односно Microsoft Dynamics 365 како решение. Дигиталната трансформација е тука и бизнисите сакале или не, за да бидат успешни ќе мора да се адаптираат на новото време. Поради тоа сметам дека улогата на бизнис аналистот/функционален консултант има голем потенцијал во иднина на пазарот на трудот.
Дали ти се допадна концептот и начинот на кој се одвиваше програмата?
Да, многу ми се допадна. Програмата се одвиваше на два начина во живо и online.
Концептот е направен така што секој може да ја разбере логиката на ERP систем, не е потребно никакво предзнаење или искуство во D365 и не е битно кој образовен профил го имате. Се што е потребно е желба и посветеност. Предавањата се одиваат во попладневните часови, два пати неделно. Според мене таа динамика е оптимална поради тоа што останува доволно време за работа од дома за да “легне” наученото.
Какво е твоето искуство со Axapta Learning Center?
ALC ги надмина моите очекувања во смисла на организираност и посветеност кон студентите. Предавачите се одлични, експерти во својата област кои несебично го делат своето знаење и се трудат секој да научи колку што е можно повеќе.
Што би им препорачал на идните студенти кои размислуваат да се запишат на програмата?
Без разлика дали сакаат да стекнат вештини за да направат кариерна промена во IT индустријата или да ги надоградат веќе постоечките вештини, на обуката за Business Analyst ќе се стекнат со одлична основа на која ќе можат понатаму да ги надградуваат своите познавања во D365 или други ERP системи.
Најважна лекција што ја научи на обуката?
Научив дека за секој успех треба многу работа и посветеност, верба во самите себе и доза на трпение. Дека можеме да го совладаме секој предизвик и дека ништо не е невозможно и недостижно ако се фокусираме на целта која сакаме да ја оствариме.



Leave a reply