fbpx
1Dec

Аљдина Љумани студент на програмата за Business Analyst 

Што те мотивираше да се запишеш на програмата за Business Analyst?

Главната причина поради која што се запишав на програмата за бизнис аналист беше големата желба за стекнување ново знаење поврзано со IT светот, влијанието на ERP системите врз бизнисот, како и можностите кои што ги нуди ова сфера во време кога технологијата го достигнува својот пик, а побарувачката на бизнис аналисти е огромна.

Кои беа твоите очекувања и дали беа достигнати истите?

Искрено на почеток немав големи очекувања, пред сѐ поради тоа што не бев премногу информирана за работата на бизнис аналистите и самиот систем на D365. Мислев дека тоа ќе ми биде плус знаење кое што би можело да ми служи во иднина, но за моја среќа на крај на курсот јас се имав здобиено со големо знаење благодарение на одлично организираните часови и предавачи.

Како би го оценила начинот и концепотот на кој се одвиваше програмата?

10/10. Концептот на кој што се одвиваше програмата беше одличен и многу student friendly. Особено, морам да потенцирам дека не е потребно никакво предзнаење за запишување на овој курс. Часовите се одржуваат два пати неделно по сат и пол, а самите предавања не се интензивни и пренатрупени со материјал. На крај моите очекувања беа надминати, самата програма влијаеше кон тоа да го променам мојот кариерен правец и да се насочам кон системот на D365.

Кој дел од програмата најмногу ти се допадна?

Mорам да признам тоа што најмногу ми се допадна на програмата беше подготвеноста на предавачите, од нивното знаење па се до пријателскиот и отворен пристап за помагање на студентите, иако тоа значеше решавање на проблеми во доцните вечерни часови. Истотака, дел од успехот на секој студент беа и “домашните задачи” кои се даваа после секој час, а со што секој од нас вежбаше “самостојна работа”.

Кој совет би им го дала на студентите кои се на почеток со својата ИТ кариера?

Ги советувам сите кои се мислат дали да започнат IT кариера, да го направат истото. Најлошото сценарио кое може да се случи е стекнување знаење од експерти на ова област и безпрекорна дружба. На сите колеги кои се не почеток на нивната кариера им препорачувам да се посветат на своето учење и да не се демотивират. Со упорна работа и голема желба секој може да стане успешен бизнис аналист.

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top