fbpx
19Dec

Јована Димишковска студент на програмата за Business Analyst

Зошто се одлучи за програмата за Business Analyst?

Знаев дека академијата има голема применливост, па мојата одлука да се приклучам на Business Analyst програмата произлезе од големата страст кон технологијата и желбата да придонесам во успешноста на организациите преку ефективна анализа и имплементација на ИТ решенија.

Во денешниот бизнис пејзаж кој брзо се развива, од клучно значење е да се има солидно разбирање за тоа како технологијата, особено робусните платформи како Dynamics 365, може да ја подобрат организациската ефикасност и донесувањето одлуки. Улогата на бизнис аналитичар ме привлече посебно затоа што e помеѓу технологијата и деловната стратегија. Би рекла best of both worlds, a како деловен аналитичар, се гледам себеси како мост помеѓу ИТ решенијата и стратешките цели на една организација.

Програмата не само што ме опреми со техничка експертиза, туку и ги усоврши моите аналитички и комуникациски вештини, неопходни за преточување на деловните барања во ефективни решенија. Повеќе од тоа, растечкото прифаќање на Dynamics 365 во различни индустрии ја направи оваа програма особено релевантна и привлечна. Сакав да го насочам својот кариерен пат со технологија што не само широко се користи, туку и постојано се развива за да ги задоволи динамичните потреби на бизнисите.

Кој дел од програмата ти остави најголем впечаток?

Реалните сценарија. Сите делови од програмата беа поткрепени со примена на наученото преку реални сценарија. Сметам дека тој пристап најмногу направи за да бидам подготвена да бидам дел од еден тим кој развива и имплементира Dynamix 365 во производствениот и работниот процес на една компанија веднаш по завршувањето на академијата.

3 причини зошто би ја препорачалa програмата за Business Analyst?

1.Програмата се издвојува по својата способност да негува разновиден сет на вештини. Од совладување технички сложености како што е конфигурацијата на Dynamics 365 до усовршување на основните аналитички вештини што е од клучно значење за ефективна деловна анализа.

2. Акцентот на проектите од реалниот свет им овозможува на учесниците да применат теоретско знаење, подобрувајќи ги способностите за решавање проблеми во деловен контекст.

3.Фокусирана на Dynamics 365, програмата се усогласува со тековните трендови во индустријата, осигурувајќи дека дипломираните студенти се опремени со барани вештини во деловната анализа на технологијата.

Како би ги оценила предавањата и менторската поддршка која доби за време на програмата?

Учевме и работевме со многу предавачи, ментори и инструктори за време на академијата. Секој еден од нив имаше огромно познавање од платформата и беше уверен во пренесувањето на знаењата, што беше исклучително важно за мене како студент на академијата. Имајќи на ум дека станува збор за комплексна материја, вообичаено е да не се совлада целиот материјал веднаш на предавањето, но менторите беа достапни за консултации во секое време, па преку непосредна комуникација можев да ги апсолвирам знаењата.

По завршувањето на обуката полагаше за Microsoft сертификат. Какво е твоето искуство со полагањето? Колку време се подготвуваше?

Добивме ваучер од Axapta Learning Center за полагање на испит за добивање на сертификат, да. За многумина ова беше стресен чекор, кој подразбира позитивна трема. Јас знаев дека тремата морам да ја надминам со сериозно подготвување за испитот и истото го направив. Се подготвував околу 2 недели по самата академија и го положив испитот со прекрасни резултати. Секако, после испитот реков „па, ништо страшно“, а моите познаници кои веќе го имаа помнато рекоа „нели ти рековме“, очекувано нели?

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top