fbpx
11Jan

Дарко Сиљаноски студент на програмата за Business Analyst

Поради која причина се одлучи да се запишеш на програмата за Business Analyst?

Во текот на мојата работна кариера имав можност да работам со Microsoft Dynamics 365 и сите попратни Microsoft технологии, но сакав да ставам акцент и да го зголемам моето познавање на системот и бизнис процесите. Програмата Business Analyst беше одлична прилика да го постигнам точно тоа. Имав големи очекувања, а сега кога веќе ја завршив програмата можам да кажам дека тие беа и надминати.

Дали ти се допадна концептот и начинот на кој се одвиваше програмата?

Концептот е одличен, редоследот на модулите кои се изучуваат беше оптимален за сите, без разлика дали веќе се имаат запознаено со Microsoft Dynamics 365 или не. Теоретските часови беа исто така поткрепени и со практични вежби, а исто така беше дозволено да не понесе нашата креативност каде во слободно време имавме пристап до околина каде може да креираме и тестираме најразлични сценарија. Темпото по кое се движевме исто така беше добро, а предавачите одлично си ја завршија работата, освен суштината на програмата, беа повеќе од расположени и поопширно да ја поминат материјата со нас.

Кој дел од програмата најмногу ти се допадна?

Дел кој најмногу ми се допадна, а би рекол дека дури имав и забава, е кога работевме на модулите за производство и планирање. Практичните вежби кои ги имавме беа многу добри, а најмногу ми се допадна фактот дека имавме слобода сами да креираме сценарија.

Кој совет би им го дал на студентите кои се на почеток со својата ИТ кариера?

Business Analyst програмата е идеална ако сте заинтересирани да го зголемите своето познавање на бизнис процесите во една компанија и како се тоа се пресликува во еден ЕРП систем. Microsoft Dynamics 365 е еден од водечките ЕРП системи на пазарот во светот. Знаењето кое ќе го стекнете дефенитивно би ви помогнало во иднина ако посакувате промена на кариера во тој правец.

По завршувањето на обуката полагаше за Microsoft сертификат. Какво е твоето искуство со полагањето? Колку време се подготвуваше?

Во овој момент се подготвувам за полагањето на сертификатот, очекувам дека покрај секојдневните обврски, ако се посвети доволно време и внимание нема да ми биде потребно повеќе од 1 недела во поминување на материјалите.

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top