fbpx
23Jan

Ангелина Милошевска студент на програмата за Data Analyst

Што те мотивираше да се запишеш на програмата за Data Analyst?

Главната причина поради која се одлучив да се запишам на академијата за Data Analyst
беше желбата да навлезам во IT светот и да ја изучам моќноста на Power BI.
Поради тоа што веќе се имав сретнато со Power BI, алатката ми се виде премногу
интересна и почнав постојано да истражувам за нејзината примена. Откако дознав за
програмата Data Analyst во Axapta Learning Center, во која, освен Power BI, се изучува
SQL и работа со дата бази – кои се основата за еден Data Analyst, решив ведаш да
аплицирам и да целам кон кариерна промена.

Кој дел од програмата ти остави најголем впечаток?

На крајот на предавањата имавме индивидуален финален проект, кој за мене беше
вистински предизвик. Проект, кој претставува вистинска прилика да го демонстрираме
нашето знаење и вештини стекнати за време на академијата.
Во овој проект, визуализацијата ми беше најинтересна, односно како податоците
визуелно можат да се претстават и да имаат сосема различен приказ. Покрај Power BI,
голем впечаток ми остави и SQL, и не само што се занимавав со извлекување и
манипулација на податоци, го разбрав и концептот на работа со дата бази.

Како би го оценила начинот и концептот на кој се одвиваше
програмата?


Програмата е одлично структурирана, а предавачите се одлични! После секој час имавме
зададено домашни задачи, кои потоа беа проверувани и дискутирани од страна на
предавачите. Откако завршија предавањата, повторно го поминавме целиот материјал и
заедно се подготвувавме за полагање на испитот за официјалниот сертификат од
Microsoft.

Што би им препорачал на идните студенти кои размислуваат да се
запишат на програмата?


Доколку сакате да го надополните своето знаење или сакате да направите кариерна
промена, оваа програма е вистинскиот избор за вас. Како Data Analyst постојано ќе го
надоградувате вашето знаење, ќе имате можност да се запознаете со голем дел од
индустриите и можност да ја покажете вашата визуелна имагинација, а воедно и
големата побарувачка на пазарот ќе ви овозможи нови работни места во големи
компании.

Најважна лекција што ја научи на обуката?

Со посветеност и апсолутна верба во себе, секоја цел не претставува само идеја, туку и
потенцијална реалност.
Не се двоумев и го направив одлучувачкиот чекор – да ги трансформирам моите
професионални патишта и да направам кариерна промена.
Така што, со доволно труд и посветеност, можете да ја постигнете целта што ја
посакувате.

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top