Мартина Костандинова студент на програмата за Business Analyst
Која е твојата позадина?
Мојата позадина е доста разновидна, но мојот фокус и усмерување во последните неколку години е насочено кон сметководство, магацинско менаџирање, а од скоро и креирање на дигитална содржина.
Како се одлучи за програмата Business Analyst во Axapta Learning Center?
За програмата Business Analyst дознав преку моја пријателка. По кратко истражување, решив да го посетам Open Day настанот, каде што детално ни беше објаснет концептот на академијата и тоа беше клучно за да се одлучам и да ја запишам истата.
Накратко опиши ни го твоето искуство со програмата, концептот на предавањата и колку ти помогна во стекнување на потребните вештини?
Моето искуство беше многу позитивно, програмата ги надмина сите мои очекувања. Концептот беше многу ефективен, спој на теоретски предавања и практични вежби, а менторите беа трпеливи и достапни за да одговорат на сите наши прашања и да ни помогнат да го совладаме целиот материјал.
Програмата Business Analyst не само што ми помогна да стекнам нови вештини, ме поттикна да размислувам надвор од стандардните решенија и ми даде јасна слика за одвивање на бизнис процесите.
Дали има дел од програмата кој би го издвоила?
Не би можела да издвојам посебен дел од програмата, бидејќи модулите беа поврзани за да дадат целина и јасна слика за бизнис процесите во компаниите и со какви потешкотии се соочуваат во текот на работењето.
Што може да очекуваат идните студенти од програмата?
Идните студенти можат да очекуваат професионализам на највисоко ниво од тимот на АLC, многу нови знаења, предизвици, мотив за напредок, а пред се добра атмосфера и дружење. Топло би ја препорачала оваа академија за сите кои што сакаат да направат кариерна промена, но и за оние кои што сакаат да се надоградат, бидејќи програмата нуди различни можности како би можел секој да се пронајде во неа.



Leave a reply