fbpx
13Nov

Славица Бојаџиевска студент на програмата за Business Analyst

Зошто се одлучи за програмата за Business Analyst?

Изборот за изучување на програмата за Business Analyst беше стратегиска и долго посакувана одлука, базирана на истражување на пазарот за академии за надградба на образованието. 

Што е она што ти се допадна најмногу за време на изучување на програмата?

Истата се покажа како најдобар избор заради комплетната наставна програма, персонализирано менторство и практичен пристап кон учењето. Програмата е доста динамична и самите ментори ја прават да изгледа доста достапна и лесно совладлива на студентите кои за прв пат се среќаваат со платформата Microsoft Dynamics 365.

Како би го оценила начинот и концептот на кој се одвиваше програмата?

Програмата е единствена од овој тип која се нуди на нашиот пазар, а флексибилноста за избор на настава во живо или online е дополнителна олеснителна околност за менаџирање на секојдневните обврски. Целосно достапни ментори и околина на која може дополнително да се истражува со цел лесно и успешно да се совлада материјалот, преку креирање на сопствени сценарија.

Како програмата за Business Analyst ти помогна во твојата кариера? 

Една од најважните придобивки од оваа програма е токму Microsoft сертификацијата, која го зголемува степенот на експертиза и ми овозможува поголема конкурентска предност на пазарот на труд.

Што би ги советувала студентите кои се на почеток со својата ИТ кариера?

Секој кој се мисли да направи промена, да стекне нови вештини и да се прилагоди на светот на брзата дигитализација, без размислување да избере некоја од програмите на АLC.

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top