fbpx
21May

Александра Рајевска студент на програмата за Business Analyst

Зошто се одлучи конкретно за програмата Business Analyst?

Програмата за Business Analyst беше најсоодветна програма која ги задоволи моите замисли за влез во ИТ индустријата. По реализираниот Demo час, каде детално и јасно беа објаснети модулите, бизнис процесите и начинот на кој секој почетник може лесно да се вклопи во академијата, одлучив да започнам со изучување на Microsoft Dynamics 365 и да се стекнам со многу нови знаења од оваа област.

Сподели ни нешто повеќе за програмата и твоето искуство. Дали ги исполни твоите очекувања?

Програмата не само што ги исполни, но и ги надмина моте очекувања. Ми се допадна начинот на организација и динамиката на предавањата како и достапноста за соработка со менторите. Модулите беа поставени за секој од нас да добие претстава на кој начин ИТ индустријата игра улога во подобрувањето на бизнис процесите на компаниите. Како изминуваше процесот на учење, така се зголемуваше и мојата желба за анализа и имплементација на разните алатки и можности кои ги нуди системот.

Кој дел од програмата ти остави најголем впечаток?

Посебен модул не би можела да издвојам поради тоа што процесите беа поврзани и зависни еден од друг и секој модул беше детално обработен по пат на вежби и реални сценарија. Најмногу ме фасцинираше можноста да креирам и имплементирам мои замислени проектни задачи и истите успешно да функционираат во системот.

Кој беше најголемиот предизвик со кој се соочи и како успеа да го надминеш?

Најголемиот предизвик со кој се соочив беше одлучноста и желбата да започнам да размислувам во насока да научам нешто ново и комплетно да ја сменам кариерата. За успешно да го реализирам овој предизвик, се потрудив да ги ставам во контекст сите достапни информации и материјали за учење,  активно учествував во дискусиите и анализите на часовите и упорно изнаоѓав време за вежбање на платформата што ми помогна да напредувам во процесот и да ја добијам работата како Functional Consultant  во Axapta Masters.

Што би им препорачала на студентите кои се на почеток со својата ИТ кариера?

ИТ областа се менува и развива брзо, но со тоа растат и можностите за секој оној кој сака да учи и да се специјализира во оваа област. Не само на оние кои се на почеток на кариерата, но и на оние кои имаат потреба од кариерен развој и промена би им препорачала да бидат проактивни и отворени за учење и нови знаења бидејќи со истрајност, желба и дисциплина може да се постигне значителен кариерен развој и напредок!

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top