Никола Калушоски студент на програмата за Business Analyst
Зошто се одлучи конкретно за Business Analyst програмата?
Причината поради која се одлучив да ја посетувам програмата беше желбата да се стекнам со нови знаења кои ги овозможуваат новите високо технолошки решенија на Microsoft. Business Analyst програмата овозможува изучување на Dynamics 365 FO кое претставува едно од најнапредните ERP решенија за подобрување на деловните процеси во организациите. Дигиталната трансформација е реалност и колку побрзо бизнисите ги имплементираат овие решенија, ќе се стекнат со конкурентска предност во окружувањето. Препознавајќи ја улогата на Business Аnalyst како еден мост помеѓу бизнисот и технологијата, беше дополнителен предизвик за мене за изучување на оваа програма. Business Analyst програмата на Axapta Learning Center e единствена од овој тип која се нуди на нашиот пазар, а флексибилноста за избор на настава во живо или online е дополнителна олеснителна околност за менаџирање на секојдневните обврски.
Кој дел ти остави најголем впечаток?
Работните задачи кои ни ги задаваа предавачите и работата на реалните проекти, дефинитивно ми оставија најголем впечаток. Ништо поинтересно од тоа да потрошиш неколку часа во изнаоѓање на решение без притоа да трепнеш 😊 Не би можел да издвојам посебно некој од модулите што се изучуваа дека е поинтересен од другите. Во секој од нив има различни предизвици.
Кои беа твоите очекувања и дали истите беа достигнати?
Очекував дека ќе се стекнам со некои основни познавања од Dynamics 365. Програмата ги надмина моите очекувања, а работата на изнаоѓање решенија на конкретни, реални проблеми ги продлабочи познавањата на системот.
Како би ги оценил концептот на предавањата и менторската поддршка која ја доби за време на програмата?
Концептот на предавањата беше логичен. Теоретски дел, поткрепен со практични примери, по кој следувааат вежби е добитна комбинација за една добро смислена програма. Посебен впечаток ми оставија менторите. За секој модул имаше различен ментор, специјалист во својот дел. Секој еден од нив беше исклучително посветен, и во секое време достапен за прашања и консултации.
На кој начин оваа програмата придонесе кон трансформација на твојата кариера?
Како што одминуваа часовите и се изучуваа модулите, проблематиката на Dynamics 365 се повеќе го привлекуваше моето внимание. По завршување на програмата, решив дека ќе ги потврдам своите знаења и се стекнав со официјален Microsoft certificate. Сето ова ме охрабри да моето 17 годишно работно искуство во финансискиот сектор го променам и да продолжам со својот кариерен развој во нов правец, од неодамна и како дел од тимот на Axapta Masters.



Leave a reply