Горан Николовски студент на програмата за Data Analyst.
Поради која причина се одлучи да се запишеш на програмата за Data Analyst?
За надградба на веќе постоечкото знаење и оперативно работење на BI екселите со кои секојдневно се соочував. До запишување на курсот, самоуко се снаоѓав преку онлајн видеа и линкови кој не ги препорачувам на никој кој сака професионално да работи како Data Analyst. Од таму и причината за потреба од курсот.
Дали програмата ти помогна да ја подобриш твојата кариера и вештини?
Да, особено тоа што ја дознав суштината на позадината на сето она што не го гледаме додека работиме на извештаи во Ексел.
Кој дел од програмата за Data Analyst ти беше омилен и зошто?
Секако визуалацијата, поради тоа што во мојата работна средина е нешто што недостасува за финален приказ на бизнис статусот односно во која насока се движи.
Најважна лекција што ја научи на обуката?
Дата визуализација алатките, каде научив која од нив во која намена/примена правилно да ги користам, односно дека не секоја визуелна алатка се става за приказ на секоја дата.
Како би ги оценил предавањата и менторската поддршка која доби за време на програмата?
Одлично презентирани материјали и вежби, особено групите кои беа креирани од страна на менторите каде беа споделувани поголем број на материјали каде што можевме да поставуваме и дополнителни прашања. Пофалби за Дејан и неговите колеги кои се приклучуваа неколку пати додека траеше курсот.
Дали би ја препорачал програмата за Data Analyst на други луѓе кои сакаат да ја подобрат или развијат својата кариера во областа на анализата на податоци?
Да секако, особено на оние кој во секојдневието во својата работна средина имаат било каков допир со секојдневни форми на извештаи и слично. Со програмата ќе скратат некој секојдневни постапки и ќе го надградат своето општо познавање на професионално ниво.



Leave a reply