fbpx
28Apr

Мicrosoft сертификацијата e призната глобално и важи за голема и важна потврда за поседување на експертиза и висок степен на знаење и вештини во областа на Microsoft технологиите. Докажувањето на знаењето и вештините со оваа глобално призната сертификација носи голем број на придобивки, ви претставуваме дел од нив:

Потврда на знаењето и експертизата

Microsoft сертификацијата е потврда дека сте се стекнале со знаење и експертиза во конкретна област на Microsoft технологиите. Сертификатот го потврдува вашиот степен на познавање на специфични вештини и им дава доверба на работодавците дека сте компетентни да работите во соодветна област.

Конкурентна предност на пазарот на труд

Microsoft сертификацијата дава голема конкурентна предност на пазарот на труд. За позициите каде што има постои голема заинтересираност, сертификацијата нуди дополнителна  предност во однос на останатите кандидати. Работодавците го земаат во предвид сертификатот како еден од главните фактори при одбирање на кандидатите за работа.

Ги подобрува кариерните перспективи

Microsoft сертификацијата помага да ги подобрите кариерните опции и перспективи. Со сертификацијата, имате можност да работите на подобри и повеќе платени позиции, со поголеми одговорности и повеќе можности за напредок во кариерата.

Го зголемува вашето знаење и експертиза

Голема придобивка од сертификацијата е зголемувањето на вашата експертиза и знаења во областа на Microsoft технологиите. Поседувајќи поголем дел знаење и вештини, ќе бидете подготвени да работите со најновите технологии и да одговорите на потребите на работодавците и на пазарот на труд.

Microsoft сертификацијата отвора многу врати во светот на информатичките технологии. Таа е глобално призната и е доказ дека поседувате практични и теоретски вештини за работа со Microsoft технологии. Една од најважните придобивки од нашите програми е токму Microsoft сертификацијата, која го зголемува степенот на експертиза на нашите студенти и им обозможува голема конкурентска предност на пазарот на труд.

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top