Владимир Стоименовски студент на програмата за Business Analyst
Зошто се одлучи за програмата за Business Analyst?
Програмата за Business Analyst ми предизвика најголем интерес да се стекнам со нови знаења, поради спојот кој е опфатен помеѓу бизнисот и технологијата, а воедно и поради големата потреба на пазарот на трудот за бизнис аналисти. Конкретно платформата Microsoft Dynamics 365 ме привлече поради своите огромни можности како ERP систем и неговите фукционалности и решенија како поддршка за големите компании.
Кои беа твоите очекувања и дали беа достигнати истите?
Самиот почеток беше голем предизвик со доста прашалници при навлегувањето во новата средина, но како што се одвиваа часовите и се разработуваа модулите со постојаната поддршка и комуникација со предавачите, материјалот стануваше се појасен, а со тоа и логиката на системот и бизнис процесите.
3 причини зошто би ја препорачал програмата за Business Analyst?
– Стекнување на нови знаења и вештини потребни за кариерна трансформација;
– Влијанието на ERP системите во дигиталната трансформација каде компаниите се повеќе ја разбираат вредноста на оваа професија, а со тоа побарувачката на пазарот во светски рамки е во постојан раст;
– Можноста за стекнување со глобално признаен Microsoft сертификат кој отвара многу нови кариерни можности.
Како би ги оценил предавањата и менторската поддршка која доби за време на програмата?
Менторите ми оставија особен впечаток со тоа што беа достапни во секое време за прашања и консултации. Комплексниот материјал кој се изучуваше со теоретски и практични вежби на предавањата беше организиран со одличен концепт и пренесен од страна на менторите со исклучителна посветеност кон секој од нас, со цел да се добие што појасна слика за совладување на материјалот.
Дали по завршувањето на програмата успеа да направиш трансформација на твојата кариера?
Да, од неодамна сум дел од тимот на Axapta Masters каде што имам можност да го надоградувам стекнатото знаење и искуството од програмата.



Leave a reply