fbpx
18Mar

Матеја Мирсинова студент на програмата за Business Analyst

Поради која причина се одлучи да се запишеш на програмата за Business Analyst?

Програмата за Business Analyst е совршен спој на бизнис и ИТ, а тоа е нешто што е суштинско во време кога бизнис процесите можат а воедно и треба да бидат оптимизирани и автоматизирани. Верувам дека секоја бизнис одлука базирана на детална и темелна анализа е подобра, па така оваа програма овозможува да ги развиеме и подобриме нашите вештини во анализа, комуникација со клиенти и засегнати страни, да го оптимизираме животниот циклус на проектот и продуктот и да креираме сценарија и очекувани резултати.

Дали ти се допадна концептот и начинот на кој се одвиваше програмата?

Програмата е наменета за сите оние кои отсекогаш знаат дека можат повеќе, сакаат повеќе и ќе остварат повеќе. Предзнаење од областа не е потребно бидејќи тимот на предавачи се состои од врвни професионалци кои успеваат да ја презентираат суштината. Материјалот што го користиме при изучување на оваа програма е на совладливо ниво а сепак, сите ние што имаме аналитички способности или сакаме да ги развиеме истите, се стремиме да знаеме повеќе и повеќе секое следно предавање.

Кој дел од програмата најмногу ти се допадна?

Она што ме фасцинираше најмногу е моментот што добиваме целосна слика за како функционира еден бизнис. Мојата специјализација и досегашно искуство е во делот на финансии, па така ме засега секој модул и сценарио каде што се анализираат финансиски инструменти. Областа на финансии иако е предизвик, во исто време е неопходна за успешно управување на секој бизнис модел.

Кој совет би им го далa на студентите кои се на почеток со својата ИТ кариера?

ИТ е и во најмалите сегменти од нашиот живот, а колку ќе успееме како индивидуи и/или компанија е тенко поврзана со тоа колку ефективно и ефикасно можеме да се прилагодиме на тој момент.

Јас би ги охрабрила сите што својот раст и кариерен развој го гледаат во ИТ, бидејќи ние придонесуваме кон поразвиен свет и ние сме далеку поспособни од тоа што имаме идеја дека сме. Само е прашање на време кога ќе го увидиме тоа, а местото каде ќе го увидиме веќе го знаеме – Axapta Learning Center.  

Најважна лекција што ја научи на обуката?

Иако се што научивме на обуката придонесува, би издвоила дека никогаш не е доцна да се насочиме кон нешто ново. Особено ако тоа ново, е многу подобро.

Tags:

Leave a reply

© 2022 All rights reserved. Created by Axapta Masters.

Scroll to top